Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година овој месец на Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот Кипар и против репрезентацијата на Србија.
Вчера младите репрезентативци во хотел „Парк” го имаа собирот и првиот тренинг, а денеска попладне патуваат за Кипар.
Марио Илиевски, еден од носителите на играта на младата селекција на Македонија, ги сподели своите очекувања за претстојните контролни средби против Кипар и Србија.
„Не очекуваат два тешки натпревари, нема да биде лесно против Србија и Кипар, се надевам дека ќе одиграме на едно високо ниво на двата натпревари. Мора да одиграме храбро и пожртвувано на терен, да покажеме квалитет, а резултатот ќе дојде сам по себе. Оваа репрезентација има одличен тимски дух и заедништво, се познаваме добро меѓусебно, сите имаме една цел, а тоа е да одиграме најдобро што можеме и во вистинско светло да ја претставиме Македонија. Поседуваме квалитет и тоа сакаме да го потврдиме на овие два меча, доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе се радуваме на позитивен резултат“, вели Марио Илиевски.
Тој потенцира дека атмосферата во младата селекција е на највисоко ниво.
„Атмосферата во репрезентацијата е одлична, остваривме неколку одлични резултати на претходните натпревари. Од меч во меч играме се подобро, но има уште простор за напредок. Двата пријателски натпревари против Србија и Кипар се одлична контрола за квалификациите за ЕП што претстојат во наредната година“, дополни напаѓачот.
На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













