Connect with us

Иличиќ потпиша за Марибор

Јосип Иличиќ на крајот на август ја напушти Аталанта, а сега се врати дома и потпиша за Марибор. Тој помина пет години во Бергамо, одигра важна улога во издигнувањето на „божицата“ и нејзиното враќање на картата на Европа. Сепак, кон крајот Словенецот имаше многу проблеми надвор од теренот и се помалку беше дел од стартниот тим.


Сега е време за нова епизода, Иличиќ се врати во Словенија каде потпиша договор со Марибор.
Тој потпиша договор со својот поранешен клуб до 2025 година. Ќе го носи бројот „72“, кој го направи препознатлив.

Напаѓачот има 34 години, а пред Марибор и Аталанта, настапуваше и за Фиорентина и за Палермо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови