
Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, се враќа во Рим. Ромањоли е долгогодишен капитен на Милан, но се чини дека на љубовта и дојде крајот. „Росонерите“ во новиот договор му понудија годишна плата од 2,8 милиони евра, што е помала од онаа што моментално ја заработува, но не можат да му гарантираат дека ќе биде стартер.
Ситуацијата ја следеше Лацио, па му понуди 3 милиони евра по сезона, но и му даде ветување дека ќе биде стартер следната сезона.
Ромањоли наводно го прифатил тоа и како слободен играч на крајот од сезоната ќе прејде во редовите на синиот дел од Рим, иако претходно го носеше дресот на Рома.
27-годишниот стопер оваа сезона одигра 22 натпревари за Милан и постигна еден гол.
Репрезентативец на Италија е од 2016 година, но забележа само 12 настапи и постигна два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
