Connect with us

Игор Тудор се раздели со Верона

Игор Тудор веќе не е тренер на Верона, објави италијанскиот прволигаш на својата официјална веб-страница. Тие наведуваат дека дошло до заеднички прекин на соработката.


„Ова беше тешка одлука. Во Верона најдов работна средина и група фантастични играчи кои ми овозможија да создадам хармонија во тимот. Благодарение на тоа постигнавме извонредни резултати”, изјави Тудор.

„Размислувам за тоа долго време. Ја ценам чесноста и транспарентноста на претседателот во разјаснувањето на плановите за следната сезона. Но, двајцата се согласивме дека не постојат сите услови потребни за да продолжиме да работиме заедно. Затоа беше правилно да се разделиме. Поздрав до градот Верона, благодарност за навивачите кои испратија љубов и топлина, му посакувам на клубот многу среќа“, изјави Тудор.

Раководството на Верона ја потврди разделбата.

„Клубот и претседателот Маурицио Сети му благодарат на господинот Тудор за одличната работа што ја направи. Му посакуваме се најдобро во продолжението на кариерата“, додаде раководството на клубот.

Тудор дојде во Верона во септември минатата година и ја заврши сезоната во Серија А на деветтото место. Неговиот договор со Верона беше со важност до 30 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови