
Пред фудбалерите на Милан е гостување кај Порто во натпревар од третото коло во Лигата на шампионите. Мечот од Групата Б, кој е закажан за утре во 21 часот, може да донесе рекорд и за Златан Ибрахимовиќ.
На дуелот во Португалија, Ибрахимовиќ може да го прескокне легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, и да стане најстариот играч што постигнал гол во тоа натпреварување.
Тоти го држи рекордот откако постигна гол против ЦСКА Москва на возраст од 38 години и 59 дена.
Шведскиот напаѓач ги пропушти натпреварите против Ливерпул на „Енфилд“ и против Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“, но подготвен е за третото коло. Тој го прослави својот 40. роденден претходно овој месец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
