Connect with us

Ибрахимовиќ: Се шишав и потоа моето тело беше во шок

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ се појави во Милан по куса пауза. Тој бил болен од грип, поради што извесен период бил отсутен, но сега се врати на работа.

„Сигурно моето тело било во шок затоа што ја ишишав косата, хаха! Бев болен, се заразив со некаков вирус. Изгубив три килограми. Сега сум подобро и еве ме назад на работа“, изјави советникот на управата на Милан.

Бидејќи некое време не се појавуваше во јавноста, се појавија шпекулации дека е во конфликт со раководството на Милан.

„Не сме во кавга, разговараме. Тука сум за да му помогнам на клубот, и на теренот и надвор од него. Така беше порано, така е сега и така ќе биде и во иднина“, заклучи Ибрахимовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови