Connect with us

Иаго Аспас од пенал донесе триумф за Селта (ВИДЕО)

Селта ја оствари деветтата победа во Ла Лига оваа сезона откако ја совлада Осасуна на „Балаидос“ со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше ветеранот Иаго Аспас во 69.минута од пенал.

Тој влезе во игра само четири минути претходно, но во вистински момент погоди од белата точка за нови три бода за Селта.

За Осасуна ова беше прв пораз по пет првенствени натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови