Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц, заработи повреда на коленото и засега ќе отсуствува на неопределено време, пренесува „Атлетик“. Германецот моментно поминува дополнителни лекарски прегледи за да се утврдат деталите околу повредата и дали ќе биде потребна хируршка интервенција.
Ова е исклучително лоша вест за Микел Артета, бидејќи токму на Хаверц се сметаше како за главна втора опција во нападот. Поранешниот фудбалер на Челси остана на клупата на првиот натпревар против Манчестер Јунајтед, но влезе во игра во второто полувреме и остави солиден впечаток, особено во споредба со неконзистентните изданија на Виктор Ѓокереш.
На „Емирати“ ќе ги почекаат конечните резултати за неговата состојба, по што ќе донесат одлука дали ќе ангажираат уште еден напаѓач кој би го заменил.
Во меѓувреме, Арсенал ќе испрати понуда за Родриго, бразилскиот напаѓач од Реал Мадрид.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













