Македонскиот репрезентативец Јован Манев отвора нова страница во својата кариера, откако се пресели во српското првенство и потпиша за Нови Пазар.
Тимот од Санџак ова лето вложува во квалитетни засилувања со цел да ја зацврсти својата позиција меѓу најдобрите во Србија, а од Манев се очекува да биде клучната фигура во одбранбената линија.
По една сезона помината во дресот на Ријека, каде што стекна драгоцено искуство, Манев реши предизвикот да го продолжи на српските терени. Нови Пазар е негов прв клуб во Србија, а досега во кариерата настапуваше и за турскиот Адана Демиспор, како и за македонските Брегалница и Осогово.
Договорот е на позајмица, со јасна клаузула која му овозможува на Нови Пазар да го откупи неговиот договор доколку се покаже како вистинско засилување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













