Битолски Пелистер следниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига ќе го одигра во Кавадарци, откако управата на клубот и Фудбалската федерација на Македонија постигнаа договор за привремена промена на теренот.
Причината е подготовката на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, кој на 9 септември ќе биде домаќин на квалификацискиот дуел меѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија. Во тек се финални зафати и реконструкција на трибините, а со одлуката се има за цел да се зачува и квалитетот на тревнатата подлога.
Така, Пелистер во следното коло ќе се соочи со Шкупи на стадионот во Кавадарци. Средбата е закажана за 25 август, со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













