
Напаѓачот Тони Мичкоски е ново засилување на Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига – Исток.
18-годишниот Мичкоски доаѓа од редовите на штипска Брегалница каде настапуваше во есенскиот дел од сезоната. Мичкоски се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Емил Грнев веќе на денешниот прв собир на тимот.
Претходно Кит Го се засили и со младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев. Денковски, кој е 204 сантиметри висок чувар на мрежата, претходно беше дел и од скопски Вардар а од јуни 2018 година беше дел од првиот тим на Академија Пандев.
Од клубот, пак, заминаа голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.
Фудбалерите на Кит Го, под водство на шефот на стручниот штаб Емил Грнев, ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората лига – Исток.
Веќе се договорени и два пријателски натпревари за овој период од подготовките, на 25. јануари со Кожуф и на 31. јануари со Беласица во Дојран.
Од 2. февруари се заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Познат е првиот противник на подготовките во Анталија – романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар.
Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
