Connect with us

И Валбуена му честиташе на Бензема за „Златната топка“

Поранешниот француски репрезентативец Матие Валбуена му честиташе на Карим Бензема за освојувањето на „Златната топка“. Двајцата беа вмешани во скандал пред ЕВРО 2016 и оттогаш не се во најдобри односи. Тогаш Валбуена објави дека бил уценет преку секс снимка со негово учество, а обвинителството најде доволно докази дека Бензема дејствувал како посредник.


„Среќен сум за Бензема, неговата награда е сосема заслужена. Во животот мора да бидеме искрени. Секогаш ги одвојував работите што се случуваат на теренот од оние надвор од него“, изјави Валбуена.


„Тој имаше неверојатна сезона. Кога играш толку години за клуб како Реал Мадрид и настапуваш добро, би било пристрасно да кажеш дека тој не ја заслужува Златната топка“, додаде Валбуена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови