Барселона во зимскиот преоден рок ќе прави целосна реконструкција на тимот, а покрај играчите кои немаат значителна минутажа и се на излезна врата, има и такви кои го надминаа зенитот во кариерата. Како што откриваат каталонските медиуми, клубот би можел да го напушти и капитенот Серхио Бускетс, кој ја зеде капитенската лента по заминувањето на Лионел Меси изминатото лето.
Бускетс целата своја кариера ја мина во каталонскиот гигант за кој досега одигра неверојатни 651 натпревар, а бидејќи има „само“ 33 години, јасно е дека е рано да ја заврши кариерата која ја планираше во Барселона.
Сепак, најлогично е во јануари да се пресели во Манчестер Сити со оглед дека Пеп Гвардиола бара замена за многу повозрасниот Фернандињо.
Гвардиола во 2008 година му даде можност на Бускетс во првиот тим на Барселона, а оттогаш овој играч од средниот ред стана незаменлив дел кај сите тренери кои поминаа низ „Камп Ноу“.
Покрај Бускетс, клубот на зима би можел да го напушти и искусниот лев бек Жорди Алба, кој исто така го надмина зенитот во каталонскиот клуб, а на лето Барселона дефинитивно ќе остане и без Жерар Пике, кој самиот најави повлекување и крај на кариерата.
Меѓу останатите фудбалери на излезна врата во јануари се Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Сержињо Дест, Клемен Ленгле, но и Френки де Јонг.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski