Connect with us

И Кожуф ги почна подготовките за пролетната сезона (ФОТО)

И второлигашот од Гевгелија, ФК Кожуф денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

На првиот собир, тренерот Беќаров сметаше на сите расположиви сили од есенскиот дел дополнети и со рековалесцентите Каракамишев, Стојковски и Костадинов. Како што информираат од клубот денеска тренирале сите освен Шапов кој има скршеница на прст на ногата и Зумровски. Од редовите на младинската школа е прекомандуван Стојков Кирил.

„Во преговори сме за засилување со неколку млади фудбалери чии имиња ќе ги обелодениме наредниве денови“ – информираше тренерот Беќаров.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови