Connect with us

И Брегалница означи старт: Договорени пријателски дуели со Борец и со Пелистер пред заминувањето за Анталија

Со првата прозивка на шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски денеска и официјално е означен стартот на подготовките на Брегалница за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток. Со тренинзите се стартува утре на игралиштето во Бело Брдо.

Денеска беше реализиран единствено собир на тимот, на кој присуствуваше и засилувањето од Силекс, Дарко Додев, со презентација на комплетниот план на подготовките.

„Пред фудбалерите го презентирав планот на подготовките, очекувањата и амбициите за пролетниот дел од сезоната, а од утре стартуваат официјалните подготовки за пролетниот дел од шампионатот“ – вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски.

Брегалница веќе ги договори и првите две пријателски средби, со Борец во Велес на 23. јануари и со Пелистер во Штип на 31. јануари. На 2. февруари екипата заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде до 15. февруари е планирано одигрување и четири пријателски средби.

Генералката пред стартот на пролетната сезона е планирана на 22. февруари против Каменица Саса. Вториот дел од првенството во Втората лига – Исток стартува на 29. февруари со пресметката против Кит Го.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови