
Матс Хумелс е трагичар на синоќешното дерби од првото коло во групната фаза од ЕВРО, бидејќи со автогол донесе триумф на Французите против својата Германија.
Хумелс ја погоди мрежата на Нојер во 20. минута откако несмасно реагираше на центаршутот од левата страна и со лоша реаквија ја испрати топката под гредата на голот на Нојер.
Хумелс, сепак, вели дека добил огромна поддршка од навивачите по несреќниот момент и поразот од Франција.
„Поразот многу нè разочара затоа што не заслуживме да загубиме. Не бевме воопшто инфериорни, напротив. Јас посебно се чувствувам несреќно затоа што постигнав несреќен автогол што на крајот го реши натпреварот. Би сакал да им се заблагодарам на сите за зборовите на поддршка, никогаш во животот не сум добил толку многу пораки, тоа е одлично чувство затоа што ми значи многу што повторно можам да играм за Германија. Одиме на три бода на следниот меч“, изјави Матс Хумелс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Марко Арнаутовиќ потпиша за Црвена Звезда

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
