Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е пред трансфер во Ла Лига. Тој би можел да му се придружи на Енис Барди во најквалитетното шпанско фудбалско друштво откако е цел на прволигашот Хуеска. Раководството на овој клуб бара квалитетен играч за врска во последните денови од преодниот рок, а изборот паднал на Адеми.
Шпанците се подготвени на Динамо Загреб да му исплатат 3 милиони евра отштета, а Адеми би добил тригодишен договор. Ова не е понуда од соништата, но Адеми досега пропушти многу можности за да ја продолжи кариерата во некоја од силните европски лиги. Можеби оваа ќе сака да ја прифати иако со Динамо Загреб избори европска пролет со пласманот во групната фаза од Лига Европа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski