Претседателот на аргентинскиот Естудијантес, Хуан Себастијан Верон, доби шестмесечна суспензија од сите фудбалски активности поради спорниот гест на играчите на клубот при почесниот шпалир на новиот шампион на Аргентина, Росарио Сентрал.
Играчи на Естудијантес одбија да им честитаат на фудбалерите на Росарио, сметајќи дека клубот не ја заслужува титулата. Според Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, ваквото однесување е неприфатливо и резултираше со казни за сите инволвирани.
Покрај суспензијата на Верон, сите играчи кои им свртеа грб на шампионите се казнети со по два натпревари неиграње. Казната ќе биде на сила од почетокот на 2026 година, но тие ќе можат да играат до крајот на плеј-офот во Клаусура.
Естудијантес за време на викендот го игра четвртфиналниот меч од плеј-офот како гостин против Сентрал Кордоба, каде ќе се види дали тимот ќе успее да се фокусира на играта по скандалот кој ја одбележа фудбалската сцена во Аргентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лапорта: Во Реал се заболени од „барселонит“
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово













