Раководството на Баерн Минхен е решено што побрзо да ги заврши преговорите за продолжување на договорот со голгетерот Хари Кејн. Според информациите, интензивните разговори за новиот договор треба да стартуваат уште во јануари.
Раководните луѓе на Баерн и претставниците на Кејн ќе седнат на маса на почетокот од годината, а времето не е случајно избрано, клаузулата за негово евентуално заминување истекува кон крајот на јануари. Доколку продолжувањето на договорот се договори пред тој рок, Баерн би ја обезбедил иднината на англискиот напаѓач во клубот.
Ова е одлична вест за навивачите на Баерн, и се чини дека Тотенхем, Барселона и другите клубови кои се надеваа дека ќе го привлечат Кејн нема да имаат шанса да стигнат до неговиот потпис.
Сепак, очекувањата се дека новиот договор ќе биде краткорочен. Кејн, кој има 32 години, најверојатно ќе го одработи актуелниот договор (до 2027 година) и ќе потпише продолжување од само една или две години.
И двете страни веројатно ќе бидат внимателни околу неговиот престој во Германија по навршување 35 години.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













