
Работнички оствари важен триумф (0-2) над Пелистер на стартот на вториот дел од сезоната. „Романтичарите“ во финишот го скршија отпорот на домаќинот со головите на Анес Рушевиќ и на Марјан Ристовски.
Тренерот Борче Христов е задоволен од стартната победа во шампионатот.
„Знаевме дека не очекува тежок натпревар и противник кој ќе стори се за да остане непоразен. Влеговме психолошки подготвени дека ќе ја бараме победата до последен момент. Сакав да имаме контрола на играта и успеавме во тоа. Како што одминуваше времето го зголемувавме притисокот кон голот на Пелистер и на таков начин и дојдовме до двата гола. Можам да бидам задоволен од прикажаното на пролетната премиера, но тоа веднаш го оставаме зад нас и се подготвуваме за следниот меч, в недела на домашен терен го пречекуваме Шкупи. Ќе биде тоа еден сосема поинаков натпревар“, изјави шефот на стручниот штаб, Борче Христов, за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
