Connect with us

Хоселу можеби и нема да остане во Реал Мадрид следната сезона

Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу, можеби и нема да остане во тимот следната сезона. Тој има извонредна сезона, постигна 13 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања иако најчесто влегуваше како замена.


И покрај тоа што има 34 години, неговите импресивни настап го поттикнаа интересот на клубовите од Саудиска Арабија.

Хоселу е на позајмица во Реал Мадрид, а неговите права ги има Еспањол. Во договорот за трансфер меѓу двата клуба има фиксна цена од 1,5 милиони евра за купување и „кралевите“ можат да ја искористат.

Карло Анчелоти сигурно би сакал да го задржи напаѓачот, но до договор можеби и нема да дојде. Причината е што следната сезона „кралскиот клуб“ ќе има уште двајца врвни напаѓачи, Килијан Мбапе и Ендрик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови