Хорхе Сампаоли е нов тренер на францускиот прволигаш Рен. Аргентинскиот стратег потпиша договор до 2026 година. Тој го заменува Жулиен Стефан, кој беше отпуштен во средината на минатата недела.
64-годишниот Сампаоли е поранешен селектор на Чиле и на Аргентина, а на клупско ниво водеше клубови како Севилја, Сантош, Атлетико Минеиро, Олимпик Марсеј и Фламенго.
Од Рен објаснија дека се одлучиле за Сампаоли бидејќи е докажан стратег, а неговите тимови секогаш играат убав и офанзивен фудбал.
По 11 кола, Рен се наоѓа на 13. место на табелата во Лига 1 со 11 бодови, со само три победи од почетокот на сезоната.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













