Идниот нов напаѓач на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, денеска пристигнува во Англија, да ги мине лекарските прегледи и да го финализира трансферот на „Олд Трафорд“. Зделката е вредна 75 милиони евра, плус уште 10 милиони бонуси (вкупно 72 милиони фунти).
Договорот на 20-годишниот Данец ќе биде на 5+1 година.
Хојлунд ќе стане третото ново засилување на 20-кратниот англиски шампион ова лето. Претходно на „Олд Трафорд“ дојдоа Мејсон Маунт и Андре Онана.
Данецот е шестото најскапо засилување во историјата на Манчестер Јунајтед по Пол Погба, Ромелу Лукаку, Ентони, Хари Мегваер и Џејдон Санчо.
Аталанта веќе го донесе Ел Билал Туре, кој треба да го замени Хојлунд во нападот на тимот од Бергамо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski