
Ливерпул рутински го победи Атлетико и се пласира во осминафиналето на ЛШ. Шпанскиот шампион немаше никакви шанси на овој натпревар откако тимот на Диего Симеоне играше со играч помалку поради исклучувањето на Фелипе.
Веднаш по натпреварот Јирген Клоп даде изјава за „Си-Би-Ес“ и го пофали својот тим, но реши да допре и една од најголемите теми во светскиот фудбал во моментов. Клоп уште еднаш ги искритикува УЕФА и ФИФА за начинот на кој е организиран распоредот на клупските и на репрезентативните натпревари.
Менаџерот на Ливерпул тврди дека распоредот е преполн и дека ваков фудбал нема смисла бидејќи никогаш не го гледаме најдоброто од фудбалерите кои се постојано уморни. Клоп ова го објасни на спектакуларен начин, а можете да го погледнете видеото кое веднаш стана вирален хит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
