Connect with us

Хистерија во Катар: Билет за финалето на СП на црниот пазар достигна сума од 31.000 долари

Билет за финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција на стадионот Лусаил е препродаден за 15.000 долари. Ова го пренесуваат аргентинските медиуми, информирајќи дека црниот пазар е вжештен во пресрет на стартот на финалниот дуел во Катар.


За побогатите има уште една понуда – 31.000 долари за место блиску до ВИП ложата, а мераклијата ќе треба да ја удвои сумата доколку сака да има друштво на трибините на „Лусаил“.

Многу Аргентинци пристигнаа на Светското првенство без билети за финалниот натпревар, со надеж дека ќе купат на лице место, но сега тоа е речиси невозможно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови