Барселона славеше убедливо на тешкото гостување кај Бетис со 3-5 и покажа дека и оваа сезона атакува на титулата во Ла Лига.
Иако Бетис прв стигна до водство и најави поинаков развој на натпреварот, Барселона немаше намера да дозволи изненадување. Каталонците постигнаа пет гола и останаа цврсто на првата позиција во Ла Лига.
Домашните поведоа рано, во петтата минута, преку Антони, најопасниот играч на „зелените“. Но, потоа на сцена стапи Феран Торес. Шпанецот во 11. и 13. минута реализираше два брзи гола и направи целосен пресврт (1-2). Во средината на првото полувреме Баргџи зголеми на 1-3, а пред паузата Феран Торес го комплетираше својот хет-трик.
Во вториот дел Ламин Јамал беше прецизен од белата точка за 1-5.
Бетис успеа само да го намали поразот во завршницата со головите на искусниот Диего Љоренте и Чучо Фернандез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













