Борусија Дортмунд ја започна новата сезона во Бундеслигата на разочарувачки начин, откако не успеа да ја искористи фаворитската улога и одигра само 3-3 на гостувањето кај Сент Паули.
„Милионерите“ изгледаа како сигурни победници – имаа предност од 1-3 до самиот финиш, но сè се смени по црвениот картон на Филипо Мане. Исклучувањето го разбуди домаќинот, кој во последните минути направи вистински подвиг.
Гираси, Валдемар Антон и Џулијан Брант погодија за Борусија Дортмунд, но Сент Паули одби да се предаде. Најпрво Данел Синани беше прецизен од белата точка, а само неколку минути подоцна Швеѓанецот Ерик Смит со гол во 89. минута донесе ерупција на трибините и вредно реми за својот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













