Connect with us

Херојот од сенка: Кепа Аризабалага му открил на Лунин дека Бернардо Силва шутира по средината на голот

Реал Мадрид успеа да го елиминира на пенали (3-4) актуелниот европски првак Манчестер Сити, а херој беше голманот Андриј Лунин кој ги одбрани ударите од белата точка на Бернардо Силва и на Матео Ковачиќ.


Посебно шокантен беше пеналот на Бернардо Силва, кој шутираше по средината на голот, а Лунин остана во место и фати „жива топка“.


Но, Англичаните ја открија и позадината. Кепа Аризабалага, резервниот голман на Реал, кој е позајмен од Челси, му дал совет на Лунин да остане на место и да сочека, затоа што Бернардо Силва шутира по средината на голот. Таков гол му дал на Кепа Аризабалага од пенал во периодот кога тој бранеше за Челси.


Така Кепа стана херој од сенка бидејќи практично го подготви комплетно Лунин да го посрамоти Бернардо Силва и да му ја фати топката по ударот од белата точка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови