Селекторот на мексиканската репрезентација Херардо Мартино поднесе оставка откако не успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Во последниот натпревар во групата Ц, Мексико ја победи Саудиска Арабија со 2:1, но остана третопласиран во групата со четири бода, иако исто толку бодови собра и второпласираната Полска.
Но, Полска се пласираше во осминафиналето поради подобрата гол-разлика.
Со ова се прекина серијата од седум последовни настапи на Мексико во осминафиналето што траеше од 1994 до 2018 година.
„За оваа фрустрација и разочарување што ја чувствуваме, јас сум најодговорен и ја преземам целата одговорност. Договорот ми истече при последниот свиреж на судијата“, изјави Мартино, кој го водеше Мексико од 2019 година, на 66 натпревари.
Мексико во првото коло ремизираше со Полска, а потоа загуби од Аргентина. Иако ја победија Саудиска Арабија во одлучувачкиот натпревар, им требаше уште еден гол за да се пробие со гол – разлика. Но, се случи токму спротивното и Мексико прими гол во судиското надополнување.
Херардо Мартино претходно во кариерата ги водеше и Аргентина, Барселона и Парагвај.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












