Connect with us

Хато е првиот Холанѓанец во овој „легионерски“ тим на Челси

Светскиот клупски шампион Челси го додаде холандскиот фудбалер Јорел Хато на долгата листа на нови засилувања, откако го договори неговиот трансфер од Ајакс. Лондонските „сини“ ќе платат 43 милиони евра за левиот бек. Договорот е потпишан на седум години.

Интересен податок е што Хато е првиот Холанѓанец во актуелниот состав на Челси, бидејќи минатата сезона клубот немаше ниту еден играч од таа земја.

19-годишниот Хато главно игра како лев бек, но може да се користи и како централен дефанзивец.

Договорот бил на работ на пропаѓање, бидејќи Ајакс барал меѓу 55 и 60 милиони евра, додека Челси не сакал да понуди повеќе од 41 милион. На крајот, двете страни се договориле за компромисна сума од 43 милиони евра.

Хато зад себе има две сезони во првиот тим на Ајакс, а веќе има и шест настапи за сениорската репрезентација на Холандија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови