
Англија забележа нова победа во Лигата на нации, а во главна улога беше славеникот Хари Кејн, кој со два гола (2-0) го заокружи 100. јубилеен настап во националниот дрес.

Тој е само десетти англиски фудбалер со вакво достигнување, а головите за триумф на Англичаните на овој меч ги постигна во 57. и во 76.минута.
Во дербито од Лига А, Холандија и Германија ремизираа 2-2. Рејндерс во втората минута донесе предност за Холандија, но Германците направија целосен пресврт до крајот на првиот дел. Ундав израмни, а Џошуа Кимих погоди за 1-2 во последните мигови од полувремето.
Дензел Дамфрис го израмни резултатот на 2-2 во 50.минута од дуелот.
Унгарија и БиХ одиграа меч без голови, а Грузија ја победи Албанија на гости со 0-1. Чешка беше подобра од Украина и славеше со 3-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дани Алвеш ослободен од обвинението за силување

Евро-фудбал
Дани Олмо ќе паузира најмалку две седмици
