Connect with us

Хари Кејн посакува трансфер во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед му се одмазди на Тотенхем за скандалозниот пораз од 6-1 во првиот дел од Премиер – лигата. Овојпат, Оле Гунар Солскјер го изигра Жоже Мурињо, а немоќниот Хари Кејн имаше шанса од “прва рака” да види како неговиот тим загуби со 3-1.

Со оглед на квалитетот на англискиот репрезентативец, легендарниот играч на Јунајтед, Рој Кин, верува дека тој само си ја уништува кариерата во северен Лондон, и дека доколку сака да напредува, би требало да замине во тимот на “црвените ѓаволи”.

“Хари Кејн би бил заинтересиран да игра за овој тим на Манчестер Јунајтед, кој очигледно напредуваше во последнава година”, изјави Кин за “Скај Спортс”.

“Тој сигурно си вели: ‘Би можел да бидам главна ѕвезда во нападот на Јунајтед’, а со оглед на тоа што би играл покрај врвни играчи од средниот ред, Кејн сигурно посакува трансфер во Манчестер. Мислам дека му се допаѓа клубот.”

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови