
Ханза Рошток, клубот кој е член на Втората Бундес-лига, е заинтересиран да го купи македонскиот репрезентативец Милан Ристовски. Според германските медиуми, клубот набрзо ќе испрати официјална понуда за напаѓачот на Спартак Трнава.
Милан Ристовски за тимот на Спартак Трнава досега одигра 106 натпревари, на кои постигна 38 гола и забележа осум асистенции. Сега би можел да направи чекор напред во кариерата и од Словачка да се пресели во Германија.
Спортскиот директор на Ханза, Кристијан Волтер, истакна дека приоритет на клубот е да доведе нов офанзивец, а на врвот на листата на желбите е токму Милан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Втора лига
Панче Стојанов е нов тренер на Беласица

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро
