Connect with us

Ханси Флик: Црвениот картон беше решавачки момент за поразот од Челси

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, релативно смирено го прифати поразот од Челси со 3-0 во Лигата на шампионите. Германскиот стратег не бараше оправдувања за резултатот, туку наместо тоа покажа оптимизам во поглед на преостанатите натпревари во Лигата на шампионите.

„Видов позитивни работи и верувам дека сè уште можеме да ги освоиме преостанатите девет бода. Почнавме многу добро и имавме одлична можност да го постигнеме првиот гол. Потоа црвениот картон го промени натпреварот и не е лесно да се опоравиш против тим како Челзи кога играш со играч помалку“, изјави Флик.

Тренерот на Барселона исто така призна дека има аспекти во играта на неговиот тим што треба да се подобрат.

„Губевме некои лесни топки и дефинитивно треба да бидеме подинамични и да играме со поголема агресија“, додаде тој.

Сепак, Флик неколку пати потенцираше дека при анализа на натпреварот мора да се земе предвид фактот дека Барселона во поголемиот дел од времето играше со десетмина играчи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови