Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше измешани чувства по драматичното реми против Атлетико Мадрид (4-4) во првиот полуфинален дуел од Купот на кралот. Каталонците направија пресврт по лошиот почеток и водеа со 4-2 до последните минути, но ја испуштија победата.
„Разочаран сум од резултатот поради начинот на кој заигравме откако примивме два гола на почетокот. Создадовме многу шанси. Во последните неколку минути дозволивме да се случат премногу опасни ситуации. Атлетико е многу силен тим“, изјави Флик.
„Имавме големи шанси да победиме. Треба да ги анализираме грешките што ги направивме во одбраната. Се надевам дека ќе ги поправиме. Ние сме млад тим и сигурно допрва ќе напредуваме“, нагласи германскиот стратег.
„Можеме да победиме во Мадрид. Доминиравме 70 минути, но на крајот дозволивме да бидеме под притисок. Не ми се допадна како реагиравме при последниот гол. Сепак, задоволен сум од формата на повеќето играчи и сигурен сум дека сме на вистинскиот пат“, додаде Ханси Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













