Европскиот клупски првак Баерн Минхен го очекува тешко искушение претстојниов викенд во Бундес – лигата, Баварскиот клуб му гостува на Лајпциг, директниот конкурент за шампионската титула во Германија, а тренерот Ханси Флик ќе го нема на располагање најдобриот играч и стрелец Роберт Левандовски. Полскиот интернационалец ќе паузира еден месец поради повреда на коленото што ја заработи при настапот за националниот тим.
„Нема да му биде лесно на Баерн Минхен без Левандовски. Сите знаеме што значи Роберт за нашиот тим, тој е најдобриот фудбалер во светот за 2020 година. Но, ќе мора да изнајдеме некоја друга солуција, сепак, сме ние Баерн Минхен и ќе отпатуваме за Лајпциг со намера тоа да го покажеме. Имаме респект за ривалот, но ние веруваме во силата на нашиот тим“, изјави Ханси Флик.
Баерн Минхен е лидер на табелата и има четири бода предност пред Лајпциг на врвот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













