Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја пофали победата од 1-2 против Валјадолид, но призна дека натпреварот не поминал лесно. Германскиот стратег направи неколку промени во составот, вклучувајќи ги и младите фудбалери кои не беа толку убедливи, но Флик не ги критикуваше.
Тој ја истакна важноста на освоените три бода за тимот.
„Целта беше да освоиме три бода и затоа сум задоволен, иако победата беше тешка. Не сум разочаран, бидејќи направивме многу промени, а тоа секогаш е предизвик. Имам доверба во моите играчи, тие дадоа сè од себе“, изјави Флик.
„Планот беше Педри и Де Јонг да играат по едно полувреме. Рафиња доби одмор, а Ламин играше нешто подолго, важно е да го одржи ритмот. Моравме да вложиме повеќе напор отколку што очекувавме, но тоа е нормално кога губиш со 0-1 на полувреме.“
На крајот, Флик се осврна на враќањето на голманот Марк-Андре тер Штеген.
„Во второто полувреме го покажа своето мајсторство и ми е мило што го гледам таков. Но, Шчешни ќе брани во Лигата на шампионите и во дербито со Реал“, категорично заврши Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













