Во понеделник, пред околу 17.000 навивачи на Националната арена “Тоше Проески”, германската репрезентација и гостува на Македонија. Новиот селектор на Германците, Ханси Флик очекува одлична атмосфера, каде се надева дека неговите фудбалери само ќе го потврдат пласманот во Катар следната година.
“Не гледам назад во минатото, ние сакаме само да ја имаме нашата филозофија на теренот, да бидеме обединети, да останеме активни. Сакаме да победиме и што е можно побрзо да го обезбедиме пласманот на Светското првенство”, изјави Флик на денешната прес-конференција.
“Атмосферата во Скопје ќе биде вжештена. Македонската репрезентација ќе биде целосно мотивирана. Тие сакаат да ги задржат шансите за пласман на СП и со победата која ја имаа на наш терен сега имаат поголема самодоверба. Но, Македонија знае како да игра фудбал, имаат искусни играчи во составот, затоа мораме да ги покажеме нашите сопствени квалитети и мислам дека тоа ќе биде одлучувачко.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













