
Само два месеци по поразот во финалето на Копа Америка, Колумбијците сервираа реванш за Аргентина славејќи во Кали со 2-1. Хамес Родригез со гол и со асистенција беше творец на триумфот на Колумбија. Многу коментари и бура предизвика ВАР-одлуката за пеналот во 60.минута по која Хамес Родригез го постигна победничкиот погодок.
Претходно, Москера обезбеди водство за Колумбија, а израмни Нико Гонзалес.
Парагвај му го нанесе четвртиот пораз на Бразил во квалификациите за СП. Домашната селекција славеше со 1-0, со голот на Диего Гомез во 20.минута од мечот.
Венецуела и Уругвај одиграа без голови, а Боливија славеше на гости со 1-2 против Чиле.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
