
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд со два гола го урна Тотенхем и заедно со голманот Ортега, кој имаше неколку клучни одбрани, донесе важна победа (0-2) во Лондон која го исфрли Манчестер Сити во пол-позиција пред последното коло во Премиер-лигата.
Сега на „граѓаните“ им преостанува да го победат Вест Хем на домашен терен в недела и да ја освојат четвртата последовна титула во Англија.
„Имавме фантастичен менталитет против Тотенхем. Се фокусиравме натпревар по натпревар за да стигнеме таму каде што сме сега. Сакам да им порачам на моите соиграчи да бидат опуштени за последниот натпревар од сезоната, во Премиер – лигата. Мислам дека бевме малку нервозни на последниот меч. Тоа е можеби нормално затоа што има многу емоции за сите во финишот на сезоната. Едно е сигурно, треба да се обидеме да опуштиме и верувам дека ќе успееме да го победиме Вест Хем пред нашите гледачи“, изјави Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
