Connect with us

Халанд со хет-трик, Норвешка со убедлив триумф (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Норвешка уште еднаш покажа дека е најсилната во својата квалификациска група, совладувајќи го Израел со убедливи 5–0 и со тоа официјално обезбеди пласман на Светското првенство 2026. Ова беше нивна шеста последовна победа, со што Норвежаните го задржаа совршениот ефект и максималните 18 бодови во групата И.

Натпреварот започна со рана можност за домаќините — уште во почетните минути Ерлинг Халанд имаше шанса да донесе водство од белата точка, но неговиот удар заврши над голот. Тоа, сепак, не го поколеба асот на Манчестер Сити, кој само дваесетина минути подоцна ја затресе мрежата за 2–0.

Пред тоа, Израелците си ја отежнаа ситуацијата со два автогола, на Калаили и Накмиас, кои им овозможија на Норвежаните комотно водство уште во првото полувреме. На паузата резултатот беше 3–0, а исходот практично беше решен.

Во второто полувреме Норвешка само рутински ја контролираше играта. Халанд повторно го презеде главниот збор, постигнувајќи уште два гола и комплетирајќи хет-трик во 72. минута, за конечни 5–0 и нов блескав настап на скандинавскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови