
Манчестер Сити го победи Евертон на домашен терен со 2-0. Ерлинг Халанд повторно беше клучниот човек за „граѓаните“.
„Карамелите“ долго се бранеа на „Етихад“, но во 58. минута Халанд со одличен скок и удар со глава по центаршутот на О’Рајли го совлада Пикфорд, а само пет минути подоцна ја удвои предноста по додавање од Савињо.
Брајтон ги израдува своите навивачи на „Амекс“ со заслужена победа над Њукасл Јунајтед (2-1) во натпреварот од осмото коло во Премиер – лигата. Херој беше искусниот Дани Велбек, кој со два прецизни удари ги донесе трите бода за својот тим.
Сепак, најубавиот момент на мечот му припаѓа на новото засилување на Њукасл, Ник Волтемаде. Германецот во 76. минута постигна спектакуларен гол со петица по додавање од Мајли, со што израмни на 1-1 и го воодушеви стадионот. Но, радоста на гостите траеше кратко — Брајтон успеа да постигне уште еден гол и да стигне до победата.
На „Селхурст Парк“ се одигра вистинска голеада — Кристал Палас и Борнмут ремизираа 3-3. Гостите поведоа со два гола на младиот Крупи, но Матета со два погодоци донесе израмнување. Во завршницата Кристи донесе ново водство за Борнмут (2-3), а Матета со реализиран пенал го комплетираше својот хет-трик и го постави конечниот резултат.
Барнли беше подобар од Лидс со 2-0, а Сандерленд славеше минимално против Вулверхемптон со 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
