Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд откри дека Пеп Гвардиола бил главната причина за неговото доаѓање во Манчестер Сити.
Многумина се сомневаа дека Халанд нема да се снајде во системот на Пеп, кој досега функционираше без класична „деветка“, а Норвежанецот ги смири со 10 гола во Премиер – лигата и уште два во Лигата на шампионите на вкупно седум меча.
„Мислам дека Пеп е еден од оние фудбалски лудаци, како мене. Двајцата живееме за фудбалот, тој беше играч, сега е тренер и целосно е луд по фудбалот и тоа ми се допаѓа. Имам впечаток дека тој размислува само за фудбал, како може да ги среди работите и затоа го сакам. Мислам дека добро се вклопувам иако системот не е толку едноставен. Не сакав да губам време само гледав да се адаптирам што побрзо иако филозофијата е тешка, но е и убава“, изјави Халанд.
По одморот за викендот, Халанд в среда од 21 часот ја пречекува својата Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













