
Во Манчестер Сити се загрижени за состојбата на Ерлинг Халанд, откако Норвежанецот го напушти „Виталити“ стадионот со патерици и со заштитна чизма на ногата по вчерашната победа од 1-2 на неговиот тим против Борнмут во четвртфиналето од ФА купот.
Напаѓачот беше заменет во вториот дел од натпреварот, по околу еден час игра, кога на негово место влезе Омар Мармуш, откако очигледно заработи повреда на левата нога по дуел со Луис Кук.
BREAKING: Erling Haaland left Bournemouth with his left foot/ankle in a protective boot following the injury sustained in the second-half.
— City Xtra (@City_Xtra) March 30, 2025
🎥 TikTok: celebstarclips pic.twitter.com/DNB2H8phyh
Халанд се обиде да продолжи да игра, но болката не му дозволи, па Пеп Гвардиола го повлече од игра. Очекувањата се денес или најдоцна утре, откако ќе се намали првичниот оток, да направи дополнителни медицински прегледи за да се утврди неговата состојба.
По натпреварот, Гвардиола изјави дека сè уште не е јасна состојбата на играчот и дека ќе треба да се почека за повеќе информации за повредата и можниот период на отсуство. Ова го става под сериозен знак прашалник учеството на Халанд во претстојниот натпревар на „граѓаните“ в среда против Лестер и во градското дерби со Манчестер Јунајтед во недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
