
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, најверојатно ќе ги пропушти повеќето натпревари на тимот до крајот на сезоната. Норвежанецот го повреди левиот скочен зглоб за време на четвртфиналниот дуел од ФА Купот против Борнмут, по судир со Луис Кук. Тој го напушти стадионот со патерици и заштитна чизма, а по натпреварот, Пеп Гвардиола изјави дека повеќе информации за неговата состојба се очекуваат дополнително.
Халанд помина детални медицински прегледи, кои потврдија дека повредата не е безопасна. Манчестер Сити објави соопштение во кое се наведува дека напаѓачот ќе биде подготвен за завршницата на сезоната и за Светското клупско првенство. Дополнително, Халанд ќе мора да направи дополнителни консултации со специјалист.
Тој речиси сигурно нема да настапи на дербито против Манчестер Јунајтед.
Во тековната сезона, норвешкиот напаѓач одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 30 голови. Тој ја достигна границата од 30 погодоци во секоја од своите три сезони со дресот на Манчестер Сити.
Првите два натпревари што Халанд сигурно ќе ги пропушти се против Лестер во среда и против Манчестер Јунајтед во недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
