Connect with us

Халанд ќе биде подготвен за дербито против Ливерпул

Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ќе биде подготвен за дербито од следната рунда во Премиер – лигата против Ливерпул. Судир меѓу првопласираниот и второпласираниот тим на табелата е в сабота од 13.30 часот.


Халанд заработи повреда на скочниот зглоб на натпреварот меѓу Норвешка и Фарските Острови во четвртокот и ќе го пропушти денешниот дуел со Шкотска.

Имаше некои шпекулации дека тој нема да биде подготвен за пресметката во сабота, но сепак, неговата повреда не е сериозна и тој ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за големото дерби од Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови