Хаким Зијеч сака да си замине од Челси, а сега во игра наводно е и Тотенхем. Од Островот пристигнуваат информации дека Зијеч го бара најдоброто решение, откако не му успеа враќањето во Ајакс, а одеднаш се појави опција да остане во Лондон и да го засили тимот на Антонио Конте.
Италијанецот го пушти Брајан Хил во Валенсија, а не е невозможно да замине и Лукас Моура, што значи дека му треба еден офанзивец во ротацијата во згуснат распоред кој ќе биде пекол оваа есен и до крајот на сезоната.
Деталите не се познати, но познато е дека Челси побарал меѓу 25 и 30 милиони евра, поради што Ајакс се повлече од трката.
Не е невозможно Тотенхем да понуди опција за позајмица и ќе видиме дали Челси ќе го прифати тоа.
Томас Тухел би го ослободил Зијеч, а го посакува Обамејанг, затоа што очајно му треба вистинска „деветка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













