Фудбалерите на Спартак Варна продолжија со одличната серија без пораз во бугарската Ефбет лига, откако ремизираа на гостувањето кај Лудогорец (1-1) во рамките на 12. коло. Тимот кој го води македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски фати добар ритам и се наоѓа на седмата позиција на табелата.
На тешкото гостување во Разград учество имаше и Георг Стојановски. Младиот напаѓач ја потврди својата вредност со асистенција за единствениот гол на Спартак Варна, кој го постигна Ксанде во првиот дел.
Под водство на Хаџиевски, Спартак Варна оваа сезона има две победи, седум ремија и три порази во официјалните натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













