
Доколку продолжи вака, Калвин Филипс, човекот за кој Сити потроши 49 милиони евра, може да биде разочарување на годината за навивачите на „Итихад“. Момчето од Лидс се мачеше со повреди по неговото пристигнување од „Иланд Роуд“, а треба да биде наследник на легендарниот Фернандињо во тимот на Сити. Сепак, засега нема ништо од тоа, посебно откако го налути Пеп Гвардиола по враќањето од Мундијалот.
Калвин Филипс беше репрезентативец и на Англија на последното Светско првенство, но во дресот на гордиот Албион запиша само 43 минути. Се врати од дополнителниот одмор што го доби поради учество на Мундијалот, а Пеп го пречека „на нож“ поради неговата очигледна физичка неподготвеност.
„Тој не е повреден. Се врати во Сити со проблеми со вишок килограми. Не знам зошто и како е тоа можно. Не пристигна во потребната состојба да учествува на тренинзите и натпреварите”, изјави Гвардиола по натпреварот со Ливерпул во Карабао куп.
Калвин Филипс најверојатно нема да игра главна улога во неговиот нов тим оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
