
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се подготвува да го напушти клубот по завршувањето на сезоната, тврди новинарот Хосеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“.
Според информациите, каталонскиот стратег првично планирал да замине од „Етихад“ уште минатото лето, а една од опциите му била да ја преземе англиската репрезентација. Сепак, оваа позиција ја зазеде Томас Тухел, што доведе до одлуката на Гвардиола да остане во Манчестер и да потпише нов двегодишен договор, бидејќи немало други соодветни можности за продолжување на неговата кариера.
Сепак, информациите сугерираат дека Гвардиола не се откажал од намерата да го напушти клубот по крајот на актуелната сезона. Во исто време, британскиот „Телеграф“ тврди дека Гвардиола е посветен на стабилизирање на тимот, но ако реши да си замине, клубот нема да му стои на патот.
Оваа сезона е исклучително тешка за Манчестер Сити, а играта на тимот се смета за една од најслабите во ерата на Гвардиола. Клубот значително заостанува во борбата за титулата во Премиер – лигата, испадна од Лигата на шампионите по поразот од Реал Мадрид во плејофот, а единствената преостаната шанса за трофеј е ФА Купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
